– САД го повикаа денеска Хезболах да не го „искористува“ конфликтот меѓу Израел и Хамас, откако лидерот на либанските милитанти рече дека „сите опции“ се отворени.
„Ние и нашите партнери бевме јасни: Хезболах и другите актери – државни или недржавни – не треба да се обидуваат да го искористат тековниот конфликт“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност.
Лидерот на либанскиот Хезболах денеска ги предупреди САД дека спречувањето на регионална војна зависи од запирање на израелскиот напад врз Газа и постои реална можност борбите на либанскиот фронт да се претворат во „широка војна“.
Саид Хасан Насрала, во својот прв говор по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, му се закани и на главниот сојузник на Израел, САД, навестувајќи дека неговата група поддржана од Иран е подготвена да се спротивстави на американските воени бродови во Средоземното Море.
„Вие, Американците, можете да ја запрете агресијата врз Газа бидејќи тоа е ваша агресија. Кој сака да спречи регионална војна, а јас разговарам со Американците, мора брзо да ја запре агресијата врз Газа“, рече Насрала.