Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белгија ќе и обезбеди на Украина 611 милиони евра од каматите на запленетиот руски имот

 Белгија годинава ќе и обезбеди на Украина 611 милиони евра, добиени од каматата на рускиот имот запленет во земјата. Ова го соопшти белгиското Министерство за одбрана.

Белгискиот министер за одбрана Лудивин Дедондер ја известил украинската страна за оваа намера. Се истакнува дека ова е првпат белгиските власти да ја потврдат сумата што ќе се искористи на ваков начин.

Се прецизира дека најголемиот дел од рускиот имот во ЕУ, запленет поради рускиот воен напад врз Украина, се наоѓа во Белгија. Вкупно 180 милијарди евра руски средства се запленети во Белгија и на оваа сума се акумулира значителна камата, се посочува во извештаите.

Зачлени се на нашиот е-билтен