Во текот на 2023 година Белгија намени 1,1 отсто од својот државен Буџет за потребите на одбраната, што ја сместува земјата на претпоследното место според издвојувањата за потребите на одбранбениот сектор меѓу членките на НАТО.
Полошо рангирана земја од Белгија меѓу 25-те држави опфатени со анализата на германскиот истражувачки институт Ифо е само Луксембург, кој за потребите на одбраната лани издвоил 0,7 проценти од својот Буџет.
Согласно барањата на НАТО, земјите членки се обврза да ги сведат издвојувањата за потребите на одбраната на најмалку два отсто од средствата во нивните национални буџети.
Белгија е засега далеку од оваа стапка, но белгиската министерка за одбрана Лудивин Дедондер најави план за остварувањето на „целта од два отсто“ до 2035 година.
Според планот, што го претстави Дедондер, веќе оваа година издвојувањата од белгискиот Буџет за одбраната се зголемени на 1,24 отсто, со тоа што петстепениот раст би продолжи во наредните години и би достигнал 1,57 проценти до 2030 година, а поставената цел од два отсто би била постигната пет години подоцна.
Истражувањето на Ифо покажува дека од 25-те земји опфатени со анализата, само 10 ја постигнале „целта од два отсто“. На врвот е Полска, која лани за одбраната одвоила 3,9 отсто од Буџетот, пред Грција со три, Естонија со 2,7, Финска и Литванија со 2,5, Романија и Унгарија по 2,4, Летонија 2,3, Велика Британија 2,1 и Словачка со два проценти.
Под прагот од два отсто се Франција со 1,9 проценти одвојувања од буџетот за одбранбените трошоци, пред Бугарија и Хрватска со по 1,8, Данска, Норвешка и Холандија со по 1,7, Германија со 1,6, Италија, Португалија и Чешка и со по 1,5, Словенија со 1,4, Шпанија со 1,3, Белгија со 1,1 и Луксембург со 0,7 отсто. На ниво од 1,4 отсто е и Шведска, која е во постапка за зачленување во НАТО.
Со анализата на Ифо од членките на НАТО не се опфатени Северна Македонија, чии издвојувања за одбраната лани беа 1,85 отсто, како ни Албанија, Исланд, Канада, САД, Турција и Црна Гора. сп/
Фото: Министерство за одбрана на Белгија