Белгија: пријавени 15 дронови над воената база Елсенборн

Петнаесет дронови се забележани над белгиската воена база Елсенборн во покраината Лиеж, потврди кабинетот на министерот за одбрана Тео Франкен. Според првичните информации, леталата биле уочени околу 1:45 часот по полноќ, при пробно тестирање на систем за детекција на дронови. Белгиската армија отвори истрага за потеклото и целта на летовите.

Базата Елсенборн, лоцирана на неколку километри од германската граница, служи како полигон за обука и вежби со огнено оружје и се простира на околу 28 км². Локалните извештаи наведуваат дека роjот дронови најверојатно полетал од територија на Белгија и продолжил кон Германија, каде бил забележан и од полицијата во градот Дирен. Засега не е познат операторот, ниту дали леталата биле опремени со камера/товар. Надлежните не соопштија да е забележана материјална штета или инцидент со персонал.

Инцидентот ќе биде разгледан и низ призма на воздушната безбедност и контрадрон-мерките, имајќи предвид дека воени полигони, железнички јазли и енергетска инфраструктура во ЕУ веќе извесен период се наоѓаат под засилен мониторинг. Белгиските власти апелираат граѓаните во регионот да пријават невообичаени летови, особено во ноќни часови и во близина на ограничени зони.

Зачлени се на нашиот е-билтен