Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бербок: Изборите во Русија не беа вистински избори

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека изборите во Русија не биле вистински избори.

Гласањето во Русија беше гласање без реален избор, изјави Бербок пред седницата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Таа најави и дека ЕУ ќе воведе нови санкции кон Русија.

Според 60,01 отсто преброени ливчиња од претседателските избори во Русија, Владимир Путин доби уште еден шестгодишен мандат со освоени 87,26 отсто од гласовите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен