Лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, во своето денешно обраќање пред групата на Европската народна партија (ЕПП), во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, изјави дека најголемата егзистенцијална опасност за албанските граѓани се дрогата и трансформацијата на земјата во нарко-држава.
„Пријателите зборуваа за различни закани, руска закана, друга закана, трета закана. За Албанците, најголемата егзистенцијална закана е дрогата. Вистина е, вистина, ќе ве информираме, почитувани колеги, со документи и материјали, но што се појави? Од италијанската антимафија се појави дека претставници на албанската влада имале состанок во Аруба со највисоките нарко-картели. Која беше целта на состанокот? Целта беше договор да ги инвестираат своите пари во Албанија. Но, секој што ќе дојде во Албанија или ќе ги погледне податоците на Евростат ќе открие дека индексот на градежништвото во Албанија е трипати повисок од просекот за Европската Унија. Додека индустријата, земјоделството паѓаат, тие се во рецесија, рекол Бериша, објавија медиумите.
Бериша додаде дека нарко-државата не е само голема закана за нацијата каде што се наоѓа, туку и за регионот и за Европа.
„Најновите податоци покажуваат дека албанските нарко-картели ја одредуваат цената на кокаинот низ цела Европа. Само две лица, беа откриени дека прошверцувале 28 тони кокаин од Парагвај до Ротердам и, мислам, и до Антверпен и Белгија за една година. Ова се негативни случувања, но се обидуваме да направиме сè што можеме. Тоа е тоа“, нагласи тој.
Бериша, исто така, обвини дека отворено се кршат Уставот и деловникот во Парламентот, бидејќи владината програма била изгласана за само 28 минути без дебата.
Во таа насока тој го спомна и затворањето на Њус 24 „телевизиска станици што го критикува режимот“
„Една ноќ се најде опкружена со полиција и војска. Тие не им дозволија на новинарите да влезат, и покрај судската одлука. Сепак, премиерот не беше загрижен. Ги запленија компјутерите каде што истражувачките новинари имаа досиеја против министрите. И до ден денес, судската одлука не е спроведена. Тие не се во своите простории. Постои ужасен притисок врз медиумите. Но, истото се случува и во Парламентот“, посочил Бериша.
Според него „премиерот Еди Рама се чувствува како шеик или емир, оди од град во град и ги разрешува сопствените градоначалници, советници и директори“.