Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бериша смета дека одлуката на британските власти да биде „персона нон грата” е дипломатски срам

Поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Бериша е разочаран и револтиран од одлуката на британските власти да ја отфрлат жалбата на неговите адвокати, со која бараше да се поништи неговото прогласување за „персона нон грата”.

Оценува дека ваквата одлука не се заснова на докази и оти е донесена „под политичко влијание, со цел да се уништи опозицијата”.

– Прикажаните случаи јасно потврдуваат дека се обиди да се спречи опозицијата да ја оспори корумпираната влада, која извезува организиран криминал, но прифаќа бегалци по налог на барателите/лобистите. Ова јасно докажува дека, не само што ова јасно докажува дека, специјалната британска комисија не го истражуваше откривањето на вистината, туку одлуката на министерот за внатрешни работи е донесена врз основа на медиумските написи спонзорирани од Сорос и изјавите на моите политички противници Рама, Баша, Велиај, напиша Бериша во реакцијата.

Тој е убеден дека зад неприфаќањето на доказите на неговите правни бранители, се крие британскиот амбасадор во Тирана,  Аластер Кинг Смит и оти дел од шемата бил и лидерот на демократите Љуљзим Баша.

– Отфрлањето на доказите на моите адвокати и одлуката се само затоа што амбасадорот Смит ги прифати изјавите на Љуљзим Баша. Ова е дипломатски срам, смета тој.

Експресно на обвинувањата реагираше Баша, кој  му порача дека „покренува измислици по губењето на судскиот процес”.

– Наместо да им објасни на демократите за пречката што ѝ ја прави на партијата за длабоко лични интереси, Бериша кажува измислици против мене, стои меѓу другото во реакцијата.

Бериша беше прогласен за непожелен од британските власти на 21 јули 2022, по два месеца откако тоа го сторија САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен