Властите во Берлин денеска започнаа операција за деактивирање на две неексплодирани бомби од Втората светска војна, поради што е наредена евакуација на повеќе од 22.000 жители и вработени во засегнатите зони, јави ДПА.
Според полицијата, првата бомба е лоцирана во близина на популарна туристичка област во центарот, каде што се евакуираат околу 10.000 лица. Втората е пронајдена во западниот дел на градот, со наложена евакуација за приближно 12.400 лица. Евакуациите не ги засегаат медицинските установи, но во обрачот влегуваат амбассади и административни згради.
Како дел од мерките за безбедност, затворени се повеќе патни правци, а една метро-линија е привремено суспендирана. Градските служби обезбедија привремени засолништа за оние што немаат можност да престојуваат кај роднини или пријатели. Жителите се повикани да ги следат упатствата на полицијата и службите за цивилна заштита до завршување на деактивацијата.
Неексплодирани боеви глави од овој период сè уште се откриваат во германските градови при градежни и инфраструктурни работи, а вообичаено следат обемни евакуации и прекин на сообраќајот додека траат специјалистичките процедури за неутрализација.