Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бесими: Даночната реформа значи повеќе пари во Буџетот

Во 2022 година се намалија приходите, а настапи и инфлаторна и енергетска криза. Тоа што е карактеристично е како да го преструктуираме стопанството. Направивме фискална консолидација и тука упатувам јасен сигнал до инвеститорите дека финансиите ни се на стабилно ниво во насока на раст и водиме кредибилни политики, рече Бесими министерот Фатмир Бесими на годишната конференција „Година на нови можности“.

Збрувајќи за даночната реформа тој рече дека таа е во собраниска процедура.

-Таа има правичен аспект, а ќе има влијание и на намалување на неформалната економија што ќе доведе до зголемување на приходите. Со тоа се помага на стопанството да биде предвидлив даночниот систем, кажа Бесими, додавајќи дека „се што нема да биде приход преку даноци ќе значи задолжување, а задолжувањето има корист само ако се инвестира, но за тековните расходи во тој дел фискалната консолидација и даночните реформи се неопходни“.

Бесими рече дека е потребно да се направи оптимизација и да се имплементираат и дизајнираат приоритетите е сериозен предизвик за Министерството за финансии,а антикризните мерки го стеснуваат просторот и заземаат голем дел од средствата.

Зачлени се на нашиот е-билтен