Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ги информира граѓаните дека за време на божиќните празници паркирањето ќе биде бесплатно на сите отворени паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.
Бесплатното паркирање ќе важи во вторник и во среда, кога нема да се врши наплата за користење на паркинг-просторот во Центар.
Редовната наплата за паркирање, како и издавањето договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ, ќе продолжат во четврток, согласно со вообичаеното работно време.
Од претпријатието информираат дека депото на Пајак-службата ќе функционира без прекин, односно 24 часа дневно и за време на празниците. Истовремено, затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“ ќе работат редовно, при што наплатата ќе се врши согласно постојниот режим.