Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Без омраза и без граници“ на Јане Теохарев, ќе се изведе во европската престолнина на културата Темишвар

Јане Теохаревски, артист и историчар на уметност, кон крајот на овој месец ќе има свој настап во рамките на програмата на европската престолнина на културата Темишвар во Романија, којашто се одржува под солганот „Осветли го градот преку тебе“.

Јане Теохарвески во Темишвар ќе настапи во населбата „Калеа Шагулуи“, на улицата „Александру Мачедонски“и ќе пристигне во улогата на реинкарнираниот романски поет Александру Мачедонски (1866-1920), татко на романскиот симболизам кој, на повеќе јазици (романски, македонски, руски, украински, англиски, бугарски, грчки, албански, унгарски итн.), ќе ги чита неговите песни “Омраза“ и „Мојот рондел“  со кои се извинува за чувствата за силната омраза која ја чувствувал порано.

Покрај рецитациите на песните, Теохареввски, на присутните жители и минувачи ќе им ги подели спомнатите песни и ќе разговара со нив за личните искуства и мислења за омразата.

Aкционизмот „Без омраза и без граници“, како што Теохарев го нарекува својот проект, повикува на распознавање на феноменот на омразата на којашто ѝ ја спротивставува енергијата и креативната сила од европскиот град на културата Темишвар со надеж за анулирање на омразата и за ренесанса на културата на хуманоста.

Настанот е спонзориран од Фондацијата Заев и Стопанската и индустриска комора на Прахова од Романија.

Зачлени се на нашиот е-билтен