Без вода утре дел од корисниците во Карпош, на потегот од поликлиника „Букурешт“ до бензинска пумпа ОКТА

Без вода утре од 9:00 часот се до завршување на санација на дефект ќе бидат корисниците од булевар „Партизански одреди“, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА во Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, според известување добиено од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач (шибер) од ф 200 мм на бул. „Партизански одреди бб (до поликлиниката „Букурешт“). 

Зачлени се на нашиот е-билтен