Девет лица загинаа денеска во индиската сојузна држава Андра Прадеш, откако настана метеж во хиндуистичкиот храм Венкатешвара во градот Касибуга, во округот Срикакулaм, соопштија индиските власти.
Според извештаите, во храмот се собрале голем број верници, што довело до хаос и метеж при обидот сите да влезат во објектот.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите и порача:
„Се молам за брзо закрепнување на повредените.“
Смртоносни метежи од ваков вид не се реткост во Индија и често се поврзуваат со недоволни безбедносни мерки и лоша организација на јавни настани.
Само во последните месеци, во септември, 39 лица загинаа на политички митинг, а во јуни тројца загинаа и неколкумина беа повредени за време на хиндуистички фестивал.

