Безживотно тело најдено во водите на Вардар

Вардар

На 24.12.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.

По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен