Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Би-Би-Си: Хамас постави нови услови за ослободување на заложниците

Дописничката на Би-Би-Си соопшти дека преку контакти во израелската влада добила информација дека Хамас поставил нови услови за ослободување на заложниците киднапирани на 7 октомври.

Таа посочи дека во моментов е нејасно кои се новите барања што Хамас му ги постави на Израел.

Со посредство на Катар, Израел и Хамас постигнаа договор за четиридневен прекин на огнот, според кој Хамас ќе врати 50 заложници во Израел, додека 150 палестински затвореници ќе бидат ослободени.

Привремениот прекин на огнот требаше да започне во 10 часот утринава, но израелската армија синоќа соопшти дека размената на оган ќе продолжи до петок, без дополнително објаснување. 

Зачлени се на нашиот е-билтен