Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Библиски поплави во Виетнам

Виетнам е погоден од уште едно силно невреме за помалку од две недели откако тајфунот Јаги предизвика огромно уништување во земјата, пишува Дојче Веле.

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 10.000 се евакуирани во централен Виетнам по катастрофалните поплави, соопштија властите во вторникот.

Три лица го загубиле животот провинцијата Нге Ан, откако биле зафатени од поплавите.

Од саботата, околу 320 куќи претрпеле штети, додека повеќе од 6.300 хектари земјоделски култури се уништени, соопшти Министерството за земјоделство на Виетнам.

Најмалку 40 училишни згради во областа се потопени во вода, се додава.

Според официјални лица во провинцијата Тан Хоа, повеќе од 11.700 луѓе ги напуштиле своите домови и побарале засолниште на повисоките места во изминатите три дена.

Зачлени се на нашиот е-билтен