Билатералните односи и случувањата на Блискиот Исток во фокусот на средбата Герапетритис Рубио во Хаг

Грчко-американските стратешки односи, случувањата на Блискиот Исток и во Медитеранот, биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис и државниот секретар на САД Марко Рубио на маргините на НАТО Самитот во Хаг, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од грчкото МНР преку платформата Икс, на средбата била истакната улогата на Грција како кредибилен и стабилен партнер и сојузник во клучната област за регионалната безбедност и напорите на САД за деескалација на тензиите во поширокиот регион на Блиски Исток. 

Зачлени се на нашиот е-билтен