Билборд порака на денот на вљубените: Кажи ѝ на жена ти за нас или јас ќе го направам тоа!

билборд
Фото: zrenjaninski.com

На Денот на вљубените, во српскиот град Зрењанин, се појави билборд со впечатлива и необична порака што многумина насмеа, но и ги крена веѓите.

На големиот екран, покрај мотиви од црвени срца, се наоѓа порака: „Марко!!! Кажи ѝ на жена ти за нас или јас ќе го направам тоа!!! Среќен Ден на вљубените! П.С. Бремена сум.“

Оваа директна и многу лична порака брзо го привлече вниманието на минувачите, кои застанаа, го фотографираа билбордот и коментираа за храброста или духовитоста на испраќачот.

Додека некои беа воодушевени од креативноста и драматичноста на картичката, други се прашуваа дали станува збор за реална животна ситуација, шега или внимателно осмислена маркетиншка кампања.

Како и да е, пораката ја постигна својата цел – предизвика реакции и стана тема на разговор на празникот на љубовта.

Дали Марко навистина ја прочитал пораката и како реагирал, засега останува мистерија, но сигурно е дека овој Ден на вљубените ќе се памети долго време.

Зачлени се на нашиот е-билтен