Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Да ги надминеме последните препреки и што поскоро овој ден да го славиме во кругот на семејството на ЕУ

„Европа е домот на кој му припаѓаме и кој е заснован на заедничките верувања со сите Европјани за демократијата и човековите права, за пазарната економија врз темелите на солидарноста. Обединети и единствени околу овие вредности можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време и со успешна завршница на преговарачкиот процес, со заедничко надминување на последните препреки, што поскоро овој ден да го славиме во кругот на семејството на ЕУ“, порачува во својата честитка по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Потсетувајќи дека денешните генерации се „горди потомци сме на славните партизански бригади кои се организираа за борба против најголемата закана за човештвото – фашизмот за време на Втората светска војна“, Битиќи истакнува дека „тоа ја ја стави нашата земја во редот на прогресивната заедница во тоа време, заедно со сојузничките сили, како една од државите и народите кои во првите редови со кренатото знаме на антифашистичката борба се исправи во борбата за заштита на човечкото достоинство и хуманизмот“.

Тоа е аманет кој секоја наредна генерација, вклучително и нашата, го прифати како чест и должност секогаш и во секоја негова појава да го препознаваме фашизмот како најпогубна и ретроградна идеологија, и да застанеме против секоја агресорска војна.

– Затоа и минатата година, кога никој не веруваше дека тоа ќе се случи во Европа која пред нешто повеќе од осум децении ги доживеа ужасите на Втората светска војна, Северна Македонија уште еднаш застана на страната на историјата на којашто се прогресивните демократски и хуманистички сили во осудата на воената агресија на Русија врз Украина како суверена држава. Со таа наша постапка, достојна за гордост и со почит на вредностите на Европа за слобода, солидарност, еднаковост и правда, Северна Македонија го празнува и чествува Денот на Европа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира