Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Единствена политичка партија во којашто јас вредносно можам да придонесам е СДСМ, воден од концептот на „Едно општество“

„Фатмир Битиќи влезе во политиката на свои 44 години. После 21 година искуство во граѓански сектор, во приватен сектор, за да даде нешто назад во општеството и вредносно изграден како човек и сфатив дека во суштина во тој момент единствена политичка партија во којашто јас вредносно можам да придонесам е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, водени од концептот на „Едно општество“ во коешто сакаме и треба да изградиме општество во кое сите различности се прифатени, истакна вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во интервју за „Само интервју“ на Канал 5.

На прашањето дали му забележуваат колегите Албанци или пак го сметаат условно за предавник, тој додаде дека се пронашол во СДСМ.

Битиќи направи компарација со премиерот Албин Курти и праша „Што има повеќе Курти што може да биде социјалдемократ, а Фатмир Битиќи не може да биде социјалдемократ?“

„Која е разликата? Дојдено е времето во нормални услови да живееме, затоа што тоа е пораката којашто сакам да ја пратам на моите деца и на сите млади коишто живеат во оваа држава, односно дека ова е новата ера на современата татковина којашто ја викаме Северна Македонија. Затоа што не е срам да живееш во идеологија, во вредности. Јас кажувам во тој момент мене ми беше понудено и дадена можноста целиот свој труд и тоа што сега го правам да го дадам во СДСМ. Се надевам дека сите мои другари во партијата и сите гласачи на СДСМ тоа ќе го препознаат дека до денеска не сум направил нешто што е спротивно на нивните очекувања“, заклучи Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен