Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Економските мерки, за среќа на граѓаните и за жал на Мицкоски даваат резултати

„Мерките што ги преземаме, економските мерки, за среќа на граѓаните и целата држава, но за жал на господинот Мицкоски, не се еднострани мерки, без резултати и ефекти. Ако се сеќавате пред неколку месеци зборувавме за висока инфлација од 18,9 отсто и ви кажав дека ќе ја намалуваме инфлацијата на ниво од 4 отсто до декември. Денес излезе податокот дека инфлацијата во септември била 6,7 отсто“, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека како резултат на политиките и мерките преземени од владата, вклучително и сите даночни реформи се намалува инфлацијата во државата од 8,3 отсто во август на 6,7 отсто во септември.

„Интересно е што матрицата на размислување во ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се менува. До 2016 година имаше два тека на парите во владеењето, институционалниот тек и партискиот тек. Во спротивно Белата палата не би се направила и тие мислат дека таа матрица продолжува и денес“, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека не разбира зошто за се ВМРО-ДПМНЕ мора да артикулира криза и да смислува различни сценарија.

Зачлени се на нашиот е-билтен