Вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Фатмир Битиќи, во својата честитка по повод Светскиот ден на потрошувачите, наваји дека од утре, 16 март, стапуваат на сила замрзнатите и пониски цени нa тестенините и млечните производи.
Во честитката објавена на социјалните мрежи, вицепремиерот Битиќи пишува дека на Светскиот ден на потрошувачите ја потенцираме важноста на нивните права меѓу кои спаѓа и правото да бидат заштитени и во услови на големи, глобални кризи со какви се справуваме последните три години.
– Од почетокот на пандемијата до денес мерките на Владата постојано го следат импулсот на економијата. Ги моделираме мерките за помош и поддршка додека слушавме што следно им е потребно на граѓаните. Заедно се договараме и заедно преземаме одговорност. Владата, граѓаните и бизнисите – истакнува вицепремиерот Фатмир Битиќи и дополнува дека „зимата за која се подготвувавме да биде најтешка е веќе зад нас.
Битиќи потенцира дека „сите заедно презедовме тешки чекори, а резултатот е веќе видлив, ја поминавме зимата беа поголеми шокови“.
„Им благодарам и на потрошувачите – за нивната активна улога, за нивната свест за рационално користење на енергијата и за нивната трпеливост при надминувањето на пандемиската и енергетската криза. Граѓаните можат да бидат мирни. Имаат држава која се грижи и на тоа работиме секој ден“, напиша во честитката по повод Светскиот ден на потошувачите вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Фатмир Битиќи.