Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Светски познатите компании од Јужна Кореја Хјундаи, Самсунг и ЛГ доаѓаат во Македонија

Северна Македонија пишува успешна економска историја, и ова се должи на пристапот кој Владата го има кон домашните и странските компании кои ги стимулираме да инвестираат во нашата земја, изјави заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи гостуваше во емисијата „24 Анализа“ која се емитува на Тв 24, при што рече дека успехот на политиките на Владата започнати во 2017 година во делот на странските и домашните инвестиции се должи на транспарентноста на трошењето на државните пари.

Вицепремиерот Битиќи се осврна на меморандумот за соработка кој наскоро ќе биде потпишан, со што ќе се поставаaт темелите на идната економска соработка помеѓу владата на Северна Македонија и Канцеларијата на претседателот на Република Кореја, а дел од оваа соработка ќе бидат светски познатите компании од Јужна Кореја, како што се Хјундаи, Самсунг и ЛГ.

Вицепремиерот Битиќи рече дека Северна Македонија преку оваа соработка ќе го доближи вредносниот ланец на корејските компании во Европа чије производство е на далечниот Исток, и додаде дека државата нема ниту еден исплатен денар кон странските инвестиции ако реалната инвестиција не се направи.

„Потпишавме со Јагео, инвестиција вредна 200 милиони евра, а деновиве ќе ја обзнаеме втората инвестиција од Гересхајмер вредна 120 милиони евра, исто така и со Техникал Текстајл вредна 30 милиони евра, и дополнителна инвестиција со вложување во обнова и развој со 10 милиони евра.Тука е и Вик во Прилеп, која ќе биде четвртата инвестиција која ќе ја обзваниме деновиве. Влегуваат во циклуси на инвестиции кои требаше да се случат во 2021 година при самото членство во НАТО, но заради Ковид не се случи и се случува сега две години подоцна“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека напоредно со странските инвестиции, Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси.

„До сега овие 919 компании имаат реализирано 500 милиони евра инвестиции подржани од страна на Владата со 100 милиони евра, некаде околу 20 проценти. Сите овие компании се влезени во инвестициски циклус од 800 мил евра. Ова значи дека 300 милиони евра домашни пари од домашни компании ќе се инвестираат во наредниот период и за тоа имаат договор со Владата“, изјави Битиќи, и додаде дека оваа финансиска помош ги помага да станат покункурентни на странските пазари.

Зачлени се на нашиот е-билтен