Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи за Глас на Америка: САД, како стратешки парнер, не поддржуваат во патот кон ЕУ

Фатмир Битиќи

– ММФ, Светска банка и Стеј Департменот не поддржуваат во нашите напори на патот кон европските интеграци – изјави во интервјуто за Глас на Америка вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи .

За Битиќи, сите тие се со иста констатација, а тоа е дека Северна Македонија го заслужува местото во Европската Унија, не денес туку од многу порано и дека патот и напорите кои нашата држава ги има превземено овде, се гледаат како голем исчекор наспроти другите држави на Западен Балкан.

– Северна Македонија нема план Б. Единствениот пат е интеграција во ЕУ. Сметам дека подобро побрзо отколку покасно сите чинители овде, сите политички партии да се освестат и да разберат дека евентуално техничка измена во Уставот не мора да значи дека ја губиме битката кон одредени наши соседи – изјави во интервјуто вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Во однос на можноста за предвремени избори, Битиќи е дециден дека за да се оди на предвремни избори тие што учествуваат во евентуалните предвремени избори мора да имаат јасен план.

– За нас како владеачка партија и како една од најголемите партии во државата, планот е јасен а тоа е дека европските интеграции немаат замена. Сите други кои сакаат предвремени избори треба да кажат дали ЕУ е императив за нив и дали евентуално имаат план Б. Но тој план мора да биде јасен и соопштен пред да се оди на избори, инаку изборите нема да имаат никаква логика – рече Битиќи за Глас на Америка.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново