Биткоинот над 71.000 долари, пазарот повторно се загрева

Биткоинот на 9 април повторно се искачи над психолошката граница од 71.000 долари, при што во текот на денот се движеше околу 71.133 долари, со дневен максимум од 72.716 долари. Со тоа, најголемата криптовалута продолжи со закрепнувањето што започна на почетокот на неделата, откако повторно ја проби и границата од 70.000 долари.

Растот доаѓа во период кога на глобалните пазари се враќа апетитот за поризични вложувања, поттикнат од сигналите за намалување на геополитичките тензии меѓу САД и Иран. Во таква атмосфера, криптопазарот повторно привлече капитал, а биткоинот за кратко се искачи и до околу 71.800 долари, што е негово највисоко ниво од средината на март.

Иако движењето повторно го врати оптимизмот кај инвеститорите, биткоинот и натаму останува далеку под рекордните нивоа од минатата година, кога надмина 126.000 долари. Сегашниот скок затоа се чита како силно краткорочно закрепнување, но и како потсетник дека криптопазарот останува исклучително чувствителен на геополитички и пазарни шокови.

Зачлени се на нашиот е-билтен