Уапсен е 43-годишниот Џ.Е од Битола откако претставници од Центарот за социјални грижи во градот на 29 октомври во полиција пријавиле дека кај нив стигнала пријава од едно основно училиште дека ученик дошол со телесни повреди на наставата.
Во разговорот со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение рекле дека таткото секојдневно ги тепа и ги малтретира.
Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.