Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска на својот фб напиша дека Усје е меѓу рекордерите во загадување на глобално ниво.
„Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE, Цементара Титан Усје е идентификувана како еден од најголемите извори на загадување со ПМ2.5 честици, рангирана меѓу првите 10% емитери на ГЛОБАЛНО ниво. ПМ2.5 честиците се меѓу најопасните за здравјето, при што предизвикуваат сериозни срцеви и белодробни заболувања, особено кај децата, повозрасните и хронично болните“, напиша Арсовска на фб.

Таа објави дека пред 3 години лично поднела кривична пријава за утврдено загадување, но Јавното обвинителство до денес нема преземено никаква постапка против Титан Усје.
„Овој молк е подеднакво загрижувачки како и самото загадување. Дополнително, достапните докази на платформа Climate TRACE покажуваат дека нивното загадување не е локализирано само на Скопје, со што негативното влијание врз здравјето и животната средина се шири низ Македонија“, напиша Арсовска.