– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе му ја нагласи на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант потребата Израел да излезе со јасен и реален план за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната, објави американскиот Стејт департмент.
На редовниот брифинг, портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер посочи дека во разговорите со Галант, американскиот дипломат број еден ќе разговара и за потребата да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот во Газа и да се подобри хуманитарниот пристап до палестинската енклава.
Израелскиот министер за одбрана е во посета на Вашингтон и ќе се сретне со високи американски претставници.