Американскиот државен секретар Антони Блинкен и саудискиот министер за одбрана Калид бин Салман за време на нивниот вчерашен состанок во Вашингтон разговарале за заедничкиот приоритет за „постигнување одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците“, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Блинкен за време на состанокот „уште еднаш ја потврди важноста за обезбедување на хуманитарните потреби во Газа, спречување на натамошното ширење на конфликтот и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност, вклучително и во Јемен“, додаде Стејт департментот.
„Блинкен ја нагласи посветеноста на САД да ја поддржи одбраната на американските партнери од заканите од државни и недржавни актери и ја потврди трајната вредност на американско-саудиското стратешко партнерство“, се додава во соопштението.