Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен идната недела на средба со претседателот на Мексико за нелегалната имиграција во САД 

Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен на 27 декември ќе отпатува за Мексико Сити, каде заедно со министерот за внатрешна безбедност на САД, Алехандро Мајоркас и советникот за внатрешна безбедност на Белата куќа Лиз Шервуд-Рандал, ќе имаат средба со претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез. 

– Секретарот Блинкен ќе дискутира за незапаметената нелегална имиграција во западната хемисфера, да посочи на начините како Мексико и САД можат да одговорат на безбедносните предизивици на границата, вклучувајќи акции за повторно отворање на клучните гранични премини на нашата заедничка граница, изјави портпаролот Метју Милер. 

Тој додаде дека Блинкен ќе ја реафирмира заложбата на САД за Декларацијата за миграција и заштита од Лос Анџелес и ќе ја подвлече итната потреба за законски патишта и дополнитело засилување на акциите од партнерите во регионот. 

Нелегалната имиграција и рекордниот број имигранти од Јужна Америка се главната пречка во усогласување на републиканците и демократите во Конгресот за низа нерешени прашања, вклучително и одобрувањето на предложениот пакет безбедноста помош за Украина и Израел.

На мексиканско-американската граница граничните служби на САД во изминатиит период задржуваат од 10.000 до 12.000 имигранти дневно, од кои некои успеваат да дојдат до азилантските центри, додека мнозинството се депортираат назад во Мексико.

Зачлени се на нашиот е-билтен