Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Москва, Техерен и Пекинг ќе бидат најсреќни ако Конгресот не го одобри пакетот помош за Украина

 Москва, Техерен и Пекинг ќе бидат најсреќни ако Конгресот не го одобри дополнителното барање на претседателот на САД, Џо Бајден, за помош за Украина и Израел, изјави денеска државниот секретар Ентон Блинкен на брифинг за новинарите во Стејт департментот.  

-Нема магично грнче од каде може да земеме пари за Украина, ако Конгресот не го одобри пакетот предложен од претседателот. Помошта и подршката за Украина е при крај, речиси ги немаме потребните пари, и времето е речиси изминато, предупреди Блинкен. 

Тој ја истакна итноста за тоа дополнителното барање да биде одобрено, за Украина да може да ја одбие руската агресија зимово и идното лето. 

-Инвестиравме во иднината на Украина, во нејзиниот економско оживување… и мораме да помогниме на земјата да продолжи со напорите зимово и идното лето, и знаеме дека има свои планови, не само да ја одбие руската агресија, туку и да си ја врати својата територија, изјави Блинкен. 

Рече дека не се само САД што доделуваат помош за Украина, и дека парите се вложуваат во американската економија.  

-Уште еднаш напоменувам, помошта не доаѓа само од нас туку и десетици останати земји. Ние досега обезбедивме 70 милијарди долари, а останите земји, 110 милјарди.  

Додаде дека буквално сите овие пари се инвестирани во САД, со отварање на нови рабтни места и со изградба на американскиот одбранбен комплекс. 

-Ова го реков претходно и пак ќе истакнам, ако Конгресот не го одобри дополнителното барање на претседателот, најсреќни за тоа ќе бидат Москва, Техеран и Пекинг, изјави Блинкен. 

Преговорите меѓу администрацијата на Бајден и конгресните лидери за пакетот вреден над 110 милијарди долари продолжуваат. Пакетот вклучува воена помош вредна над 60 милијарди долари за Украина и околу 16 милијарди долари за Израел, како и хуманитарна помош за Палестинците во појасот Газа и на Западниот брег. 

Некои демократски законодавци како Чак Шумер, лидер на мнозинствто во Сенатот, неделава посочија дека ќе работат и на Божиќ во обид да се дојде до договор за безбедноста на границите, во замена за гласовите на републиканците за испраќање на поголема помош за Украина пред Нова година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен