Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен разговараше со шефот на шведската дипломатија

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

Тие ја истакнаа посветеноста на трансатлантското партнерство и силните односи меѓу САД и Шведска, соопшти Стејт департментот.

Двајцата дипломати разговараа за последните подготовки за прием на Шведска во НАТО, како и за начините за продлабочување на економската и технолошката соработка, се додава во соопштението.

– Со нетрпение очекуваме да ја пречекаме Шведска во НАТО и да ја продолжиме нашата блиска соработка за глобалните прашања, напиша Блинкен на Х. 

Зачлени се на нашиот е-билтен