Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен денеска ќе го посети Египет во рамките на петтата посета на Блиски Исток во изминатите четири месеци, со цел да постигне примирје помеѓу Израел и Хамас.
Предвидено е Блинкен да се сретне со претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, еден ден откако во Ријад разговараше со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.
Блинкен се надева дека ќе добие поддршка за неодамнешниот предлог од Париз, што ниту Израел ниту Хамас сè уште не го прифатиле.
На сите три фронта на Блискиот Исток, Блинкен се соочува со големи предизвици. Хамас и Израел отворено се во несогласувања околу клучните елементи на потенцијалниот договор за прекин на огнот во Газа. Израел ги отфрли повиците на САД да го отвори патот за палестинска држава. И сојузниците на Иран во регионот покажуваат малку знаци дека американските воздушни напади ги одвратиле од дејствување.
Блинкен на средбата со бин Салман истакна дека е важно да се одговори на хуманитарните потреби на населението во Појасот Газа и да се спречи понатамошно ширење на конфликтот. Тој, исто така, разговараше со принцот за важноста на изградбата на интегриран и просперитетен регион.
Додека саудиските власти истакнаа дека Ријад сè уште е заинтересиран за нормализирање на односите со Израел, но само доколку постои веродостоен план за создавање палестинска држава.