Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блокирани сметките на Клиниката „Жан Митрев“

Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

-Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата „Жан Митрев“, која е здравствена организација од јавен интерес. Клиниката „Жан Митрев“ од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање, се вели во соопштението.

Од клиниката додаваат дека сè што барале е фер судење во однос на пласираните лаги и невистини.

-Добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес, велат од Клиниката.

Најново