Блумберг: Орбан со радикален план, го подготвува теренот за претседател на Унгарија

Шведска го обвини Орбан за ширење скандалозни лаги

Унгарскиот премиер Виктор Орбан разгледува радикален план за да ја задржи контролата врз државата доколку неговата партија Фидес на претстојните избори во април 2026 година, доживее пораз, пренесува реномираниот економски и политички медиум, „Блумберг“.

Како што пишува „Блумберг“,Орбан наводно размислува да ја преземе претседателската функција и да иницира уставни измени преку кои функцијата претседател, би станала најмоќна позиција во земјата.

Според изворите на Блумберг, овој потег на Орбан доаѓа во момент кога според од анкетите во Унгарија, со водство од 10% е сегашниот опозицискиот блок, што ја зголемува загриженоста во Будимпешта дека актуелниот премиер Орбан нема да се повлече без борба, ако ги загуби изборите после две децении.

Орбан дополнително ги засили шпекулациите за неговиот следен план за претседател, кога по средбата со Доналд Трамп во Белата куќа изјави дека „планот за претседателски систем отсекогаш бил на маса“, а самиот Трамп го нарече Орбан „голем лидер“.

Оттука, се чини дека на Орбан му оди во прилог и меѓународниот контекст. Иако ЕУ по изборите во 2022 година суспендираше дел од финансирањето за Унгарија, таа мерка не го обесхрабри. Со оглед дека Вашингтон под водство на Трамп ги нарушува трансатлантските односи, ЕУ има поголеми проблеми.

Авторитативни методи за спас на орбановиот систем

Унгарскиот парламент во средата го одобри предлог-законот на Фидес, кој им отежнува на идните состави да го сменат претседателот од функцијата

„Тоа би бил план за вонредни ситуации за спас на системот на Орбан, признание дека тоа не може да се постигне преку гласачката кутија“, директор за Централна Европа во German Marshall Fund“ – пренесува „Блумберг“.

Аналитичарите консултирани од „Блумберг“, предупредуваат дека Орбан, по примерот на Турција и Русија, би можел да создаде моќен претседателски модел кој ќе му овозможи да остане на власт и по евентуален изборен пораз на изборите следната година.

Според анализата на „Блумберг“, како сличен пример на ваков авторитативен метод, се посочува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со кого Орбан се сретна во Истанбул, кој повлече сличен потег во 2014 година. Слично постапи и Владимир Путин во Русија, за да ги заобиколи ограничувањата на мандатите.

Инаку, како што пренесува „Блумберг“, ветил дека ќе го преиспита владеењето на Орбан и ќе ги гони одговорните за корупција, на што Орбан возврати со поставување свои лојални кадри на клучни позиции со долги мандати кои би ја надживеале евентуалната промена на власта.

Така, претходно, годинава по оставката на главниот јавен обвинител, тој назначи наследник со деветгодишен мандат, а претодниот лојален обвинител Петер Полт го премести на Уставниот суд со мандат од 12 години. Дополнително со потегот кој Фидес го повлече во средата во парламентот, му овозможи токму на Уставниот суд овластување да ја блокира смената на претседателот, со што дополнително се зацврстува оваа стратегијата на Орбан.

Извор: Блумберг

Зачлени се на нашиот е-билтен