„Апасиев и Мицкоски водат мртва трка во национализам и кој повеќе се додвори на националистичките гласачи, наместо да се во трка на идеи за иднината на државата“ потенцираше потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека Апасиев предничи во освојувањето на националистичките гласови со неговите ултранационалистички и десничарски настапи, кои честопати вклучуваат и вртење кон црквата и историјата, нешто што е смешно за партија што се вика Левица.
Мицкоски го следи темпото на Апасиев и во некои изјави е дури и порадикален за да стигне до ова гласачко тело, затоа велиме дека тој е заложник. Тоа не значи дека го врзале, но е политички заложник, бидејќи мора во одреден дел од реториката да е порадикален. Апасиев му ја диктира терминологијата и до кој степен ќе му биде исполнета со национализам, рече Богоев.
Потпретседателот на СДСМ рече дека традиционалното гласачко тело на СДСМ и гласачите кои понекогаш гласаат за СДСМ не споделува исти идеи и вредности со Апасиев.