Со финансиска поддршка на Светска банка започнавме со активности за реализација на Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан чија цел е забрзана интеграција во ЕУ имплементацијата, а четири милиони долари се наменети за развој и имплементација на Национален едношалтерски систем, рече директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на настанот за промоција на проектот за едношалтерски систем..
-Во 2023 година, вкупниот обем на трговската размена е 17,8 милијади евра, или во превод над 1,5 милиони декларации кои ги го обработила Царинската управа, тоа значи дека над еден милион камиони со стока влегле и излегле од државава. Исто така секој увоз и секој извоз се одвива врз основа на претходна дозвола која се издава преку EXIM системот, а секој секој влез и излез е контролиран од околу 700 царински службеници кои истовремено треба да овозможат побрз проток на легалната трговија, но истовремено да го спречат секој шверц и обид нелегална трговија, појасни Богоев.
Токму затоа, според него новиот едношалтерски систем е целосно нов систем, а кој ќе го замени досегашниот EXIM систем, и ќе овозможо забрзан економски раст и развој на државата.
-Главните придобивки на Националниот едношалтерски систем се издавање дозволи за увоз, извоз и транзит „под еден покрив“, целосна дигитализација на процесите на плаќања, анализа на ризик за сите институции кои издаваат дозволи, размена на податоците со системот на Србија и Албанија, а понатаму и со останатите земји, како и унапредување на статистичките податоци и зголемување на транспарентноста, појасни Богоев.
Според него, со едношалтерскиот систем ќе се скрати времето и трошоците за бизнис заедницата, тоа ќе овозможи поголема конкурентност, компаниите ќе прават повеќе профит и ќе плаќаат повеќе даноци, а на тој начин ќе може да вработуваат повеќе луѓе што е главната цел на Царинската управа.
-Меѓусебната соработка и вклученоста на највисоко ниво е многу важна за остварување на суштинската цел на овој проект – а тоа е забрзување на транспортот и трговијата и забрзана интеграција во ЕУ, додаде Богоев.
Како што посочи тој само во последните осум месеци, откако тој е на чело на Царинската управа, во анкета на Советот на странски инвеститори, оваа институција е посочена како орган од чија работа се најмногу задоволни, наплатата на приходи од царина во 2023 година е за 10,3 проценти повеќе од претходната, од акцизи за 5 проценти, а бележи и 30 процентна ефикасност на заплени, како и 60 процентна ефикасност за кривични пријави.