Борбен авион „Локид Мартин Ф-35“ се урна во близина на поморската воздухопловна база Лемур во централна Калифорнија, а пилотот безбедно се катапултирал, соопшти вчера американската морнарица.
-Пилотот безбедно се катапултирал и е безбеден. Немало други вклучени лица, се вели во соопштението на базата Лемур.
Не се објавени дополнителни детали за несреќата. Причината за несреќата се истражува, се додава во соопштението.
Поморската воздухопловна база Лемур се наоѓа околу 40 милји југозападно од Фресно во централна Калифорнија.