Борче Трајковски: Во недела да гласаме за Горан Герасимовски!


Борче Трајковски, долгогодишен член и истакнат поддржувач на СДСМ, жестоко реагираше на фејсбук во пресрет на изборниот круг во Општина Центар, упатувајќи остра критика кон поранешни партиски функционери кои, како што вели, „го продале социјалдемократското во себе за лични интереси“.


„Тие не се, ниту биле социјалдемократи. Станува збор за интересџии, дрчни за авторитет преку партиска позиција,“ пишува Трајковски, за кои вели дека ќе завршат политички неславно.


Според него, вистинскиот социјалдемократ може да биде разочаран, гневен, па дури и критички настроен кон раководството, но „никогаш нема да се откаже од партијата“.


Трајковски испраќа и директна порака до гласачите во Општина Центар, повикувајќи ги да го поддржат кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски. За него, Центар не е обична општина, туку „симбол на социјалдемократскиот бастион“.


„Замислете го чувството на човек што се нарекува социјалдемократ, а се надева на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да го победи вистинскиот социјалдемократ токму во срцето на СДСМ – Центар. Мора да е тешко тоа чувство. Среќа што ќе помине брзо“, напиша Трајковски.


Тој коментира и појавата на, како што ги нарекува, „печурки после дожд“ – луѓе кои по поразот на СДСМ се претставуваат како нови визионери, критичари и „зналци“, иако во пракса, според него, немаат капацитет за вистинска социјалдемократска борба.


„СДСМ можеби беше поразен на локални избори, но не е исчезнат. Има огромна база на симпатизери, поддржувачи и лојални гласачи. Таа останува најголемата партија со автентични политички идеи“, потенцира тој.

Во финишот на својата објава, Трајковски апелира: „Во недела, да го заокружиме бројот 5, да гласаме за Горан Герасимовски и да го зачуваме најдостоинствениот бастион на СДСМ – Општина Центар. Тоа ќе биде победа за партијата, но и пораз на сите ‘печурки’ што мислат дека со манипулација можат да ја преземат социјалдемократијата.“

Зачлени се на нашиот е-билтен