Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел на пресот со Ковачевски: Имате целосна поддршка, ќе ве придружувам до членство, Северна Македонија припаѓа во ЕУ

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел, кој допатува во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, веднаш по билатералната средба одржаа и заедничка прес конференција.

„Ние двајца јасно се согласуваме дека нашата ЕУ интеграција мора да продолжи. Тоа е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што  нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Северна Македонија“, истакна на конференцијата за медиумите премиерот Кобачевски.

Тој нагласи дека граѓаните на Северна Македонија не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години.

„Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“, потенцираше Ковачевски.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел од своја страна на прес конференцијата истакна дека Северна Македонија е пред шанса која треба да се искористи.

„Ја имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Северна Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите на Планот за раст“, рече Борел.

Најново