НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
-Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ниту да зависи од расположението на американскиот претседател, рече Борел.
Тој додаде дека не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“.
-Да бидеме сериозни! НАТО или постои или не. Нема да губам време коментирајќи ја секоја глупава идеја што може да се слушне во оваа кампања, рече Борел мислејќи на кампањата за претседателските избори во САД.