Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во Австрија се сретна со министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.
„Драго ми е што се сретнав со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, групата „Пријатели на Западен Балкан“ и Стратегијата на ЕУ за регионот Дунав. Разговаравме како заедно да изградиме уште пообединета Европа“, објави тој на Х.
Како што претходно беше најавено од службата за надворешна политика на ЕУ (ЕЕАС), Борел денеска ќе приуствува на Форумот на Европа во Вахау, каде ќе ја прими европската награда Алојз Мок.
За време на форумот, високиот претставник на ЕУ ќе присуствува на работни состаноци и дискусии со министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, министрите за надворешни работи од Западен Балкан, претставници на тинк-тенк и граѓански организации.
Билатерално ќе се сретне и со претставници од Западен Балкан.