Борел во посета на Одеса

 Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска пристигна во украинското пристаниште Одеса, каде што повтори дека ЕУ и дава воена, економска, политичка и дипломатска поддршка на Украина.

Тој нагласи дека оваа поддршка е неопходна за да се постигне мир кој е праведен и ги почитува интегритетот и независноста на Украина.

Борел нагласи и дека е неопходно да се поддржи Украина во извозот на жито, бидејќи Русија со попречување на тој извоз загрозува голем број луѓе во најранливите земји во светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен