Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

 Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.

Во својот говор на Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се почне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.

– Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото, рече Борел.

Зачлени се на нашиот е-билтен