Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека е „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека „законите на војната и хуманоста мора секогаш да се применуваат“.

Во објавата на социјалните мрежи, тој напиша: „Надоврзувајќи се на јасниот став на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, јас сум ужаснат од големиот број на жртви по израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“.

Во нападот, според извори од индонезиската болница во Газа, загинале повеќе од 50 луѓе, а уште 150 се повредени.

„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш потсети дека меѓународното хуманитарно право не може да се применува селективно, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост. Правото на самоодбрана секогаш треба да биде избалансирано со обврската да се поштедат цивилите во најголема можна мера“, наведе Борел.

Зачлени се на нашиот е-билтен