Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бозелот, растение кое успева во Македонија, е бум во Србија заради екстремните приходи

Бозел, растението кое долго време беше запоставено, сега сѐ повеќе го привлекува вниманието на земјоделците во соседна Србија, особено на северот на Војводина. Причината за тоа се екстремно високите приходи, помалите трошоци за одгледување и растечката побарувачка на пазарот.

Ова растение кое најдобро успева на песочни почви е сè попопуларно меѓу овоштарите, а најчесто се одгледува сортата „хазберг“ која доаѓа од Западна Европа. Производите од бозел, соковите и џемовите, со години се барани на пазарите, што дополнително ги мотивира производителите да се свртат кон оваа профитабилна култура, пишуваат специјализираните списанија за земјоделство и храна..

Бозелот може да донесе принос од 10 до 12 тони по хектар, а според производителот заработката може да изнесува и над 4.300 евра по хектар.

Јене Шерфезе, еден од успешните одгледувачи на бозел од Хоргош, истакнува дека приходот може да се удвои доколку се совладаат сите вештини за одгледување и природата обезбеди поволни услови.

На истата парцела може да се добие барем ист принос како од грозје од лозови насади, а инвестициите се значително помали. Бозелот речиси и не бара хемиска заштита, поради што е класифицирана како органско производство. Покрај тоа, многу е полесно да се бере од грозјето, објаснува Шерфезе.

Бозелот е една од најстарите лековити билки. Докази за неговата употреба се пронајдени во археолошки локалитети кои датираат од каменото и бронзеното време.

Се користи како средство против воспаление на мукозната мембрана. Исто така го олеснува мокрењето и празнењето на дебелото црево. Од овошјето се прави и џем, а од свежиот цвет се прави сируп.

Најново