Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Божиновска потпишала декларација за самосвест три години пред Бугарија да влезе во ЕУ

Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека побарала отпуст од бугарското државјанство во септември 2023 година, а по објавата на нејзината декларација за бугарско потекло потпишана во 2004 година дека пасошот всушност го зела од економски причини, но нештата не се поклопуваат бидејќи Бугарија влезе во Европската Унија во 2007 година.

Божиновска тврди дека поседува само македонско и чешко државјанство и дека во моментот нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација.

-За жал, одредени актери од Бугарија, на кои не им е во интерес градењето добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија со цел надминување на пречките за нашето членство во Европската Унија, наместо култура на дијалог, ја злоупотребуваат ситуацијата. Државјанството кое го поседувала во минатото е земено од економски причини како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја извртат вистината дека станува збор за национални причини, се наведува во соопштението испратено до МИА.

Бугарски БГНЕС објави дека во октомври 2004 година Божиновска своерачно потпишала дека има бугарско потекло при апликацијата за бугарско државјанство.

Зачлени се на нашиот е-билтен