Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Браќата и сестрите на Роберт Ф. Кенеди ја оценија како предавство одлуката да му даде поддршка на Трамп

„Одлуката на нашиот брат Боби да го поддржи Трамп е предавство на вредностите што нашиот татко и нашето семејство ги имаат како најдраги“, се вели во соопштението на браќата и сестрите Кетлин, Кери, Кортни, Крис и Рори Кенеди.

„Ова е крај на една тажна приказна“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Оваа изјава на Кенедиеви доаѓа по одлуката Роберт Ф. Кенеди помладиот му даде подршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп придружувајќи му се синоќа на митинг во Аризона, неколку часа откако ја суспендираше неговата претседателска кампања.

Кенеди изјави дека ќе се повлече од гласачкото ливче во 10 клучни сојузни држави.

Поддршката за Трамп предизвика тензии во семејството на Кенеди, едно од најпознатите семејни лози во американската политика кое потекнува од Демократската партија.

Најново