– Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“.
Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го користат еврото како валута, а за следната година на 1,2 отсто од 1,3 отсто, објави денеска Европската комисија во својот есенски економски извештај – ревидирани се бројките од претходната прогноза од септември.
Иако растот на цените е најнизок во последните две години, растот на потрошувачките цени останува проблематичен, констатира Комисијата.
Брисел очекува дека следната година цените ќе паднат помалку од очекуваното и ќе бидат 3,2 отсто во однос на досегашните прогнози од 2,9 отсто, а прогнозата за раст на цените за 2023 година останува непроменета на 5,6 отсто.