Брисел од американските платформи бара информации за заштита на децата

Европската комисија бара информации од американските компании Apple, Snapchat, Google и YouTube поради наводи за недоволна заштита на децата, изјави денеска потпретседателката на Комисијата Хена Виркунен.

– Законодавството на Европската унија јасно наведува дека кога малолетници користат онлајн услуги, мора да им се обезбедат многу високи нивоа на приватност, безбедност и заштита, рече Виркунен.

– Тоа, за жал, не е секогаш случај, додаде таа при пристигнувањето на состанокот на министрите за телекомуникации на ЕУ во данскиот град Хорсенс.

Барањата за информации имаат за цел да ја оценат заштитата што ја обезбедуваат Snapchat, YouTube, Apple Store и Google Play за малолетниците и дали платформите се усогласени со Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ, појасни комесарката.

Доколку Европската комисија, по анализата, и понатаму има сомнежи за прекршување на ДСА, може да отвори формална постапка. Ако се утврди прекршување на европските правила, на компаниите може да им се изречат казни до шест отсто од нивниот глобален промет

Зачлени се на нашиот е-билтен